ПОЧЕТОК НА ЕСЕНТА – ЕСЕНСКА РАМНОДЕНИЦА
Со есенската рамноденица започнува астрономската есен во Северната полутопка. Во 2026 година овој астрономски момент настапува на 23 септември во 02:05 часот по локално време во Скопје. Тогаш центарот на сончевиот диск го преминува небесниот екватор, движејќи се од Северната кон Јужната небесна полутопка.
Со истиот астрономски момент во Јужната полутопка започнува пролетта.
Свечено доделување награди и дипломи за Државниот натпревар по географија 2025/2026
На 27 мај 2026 година, во просториите на Универзитет Скопје, со почеток во 14:00 часот, се одржа свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите кои постигнаа најдобри резултати на Државниот натпревар по географија за учебната 2025/2026 година, организиран од Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
Свечено доделување награди и дипломи за државниот натпревар по географија на 27 мај 2026 година
Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ ја известува јавноста дека свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите на државниот натпревар по географија за учебната 2025/2026 година ќе се реализира на Универзитетот Скопје, 27 мај 2026 година со почеток во 14:00. Настанот претставува свечена завршница на натпреварувачките активности организирани од Здружението, во рамки на кои ученици од основното и средното образование од целата држава ги покажаа своите знаења, аналитички способности и интерес за географската наука. На свеченоста ќе бидат доделени дипломи, пофалници и награди за најуспешните ученици, како и признанија за наставниците ментори кои со својата посветеност придонесуваат за развојот на образованието и поттикнувањето млади таленти. Здружението упатува благодарност до сите учесници, ментори, членови на комисиите и институции што дадоа придонес во организацијата и реализацијата на натпреварот, како и до УТМС Институтот за национална географија за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен образовен настан.
ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА
На 13.05.2026 година, во просториите на Универзитетот Скопје, успешно се одржа државниот натпревар по географија за учениците од основните училишта во учебната 2025/2026 година, во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поддршка од УТМС Институт за национална географија.
На натпреварот учествуваа ученици од повеќе основни училишта од целата држава, кои преку своето знаење, аналитичко размислување и посветеност покажаа висок интерес за географската наука. Натпреварувањето се реализираше согласно предвидената програма и во атмосфера исполнета со академски дух, дисциплина и натпреварувачка мотивираност.
По свеченото отворање и распределбата на учесниците во просториите за тестирање, натпреварувачкиот дел започна во 10:00 часот и траеше до 11:00 часот. Тестовите опфатија содржини од повеќе области на географијата, со задачи насочени кон проверка на теоретските знаења, картографската писменост, логичкото поврзување и географската анализа.
Во текот на целиот натпревар беше обезбедено организирано и непречено спроведување на активностите, со ангажман на менторите и комисиите за прегледување на тестовите. По завршувањето на натпреварот беше извршена обработка на резултатите, по што следуваше објавување на неофицијалната ранг листа.
Рангирањето на натпреварувачите се врши според постигнатите резултати, од највисок кон најнизок број поени.
Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број поени, предност има натпреварувачот со поголем број поени освоени на сите нивоа на натпревари.
Секој натпреварувач има право на приговор во однос на резултатите од натпреварот и начинот на вреднување на тестот. Приговорот се поднесува во писмена форма во рок од 90 минути по објавувањето на неофицијалната ранг листа.
Резултатите од натпреварот ги разгледува и потврдува Државната комисија, по што се објавува конечната ранг листа. Одлуката на Државната комисија е конечна.
Право на награди и дипломи стекнуваат натпреварувачите кои оствариле највисоки резултати согласно пропозициите и Правилникот за натпревари.
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕТО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ
НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА
На 13.05.2026 година се одржа државниот натпревар по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение, на кој учествуваа вкупно 184 ученика.
На државниот натпревар право на учество имаа сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаа освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.
Согласно Правилникот и Пропозициите, по објавување на неофицијалната ранг листа незадоволните ученици или менторот имаат право на приговор до Државната комисија најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите, односно најдоцна до 19:15 часот.

