Во организација на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ успешно се реализираа општинските натпревари по географија за ученици од основното образование за учебната 2025 2026 година.
Од вкупно пријавени 1097 ученици, на натпреварите учествуваа 921 ученицк од повеќе општини во државата. Натпреварувачкиот циклус се одвиваше согласно однапред утврдениот календар и пропозиции, при што беа опфатени ученици од VI, VII, VIII и IX одделение, во согласност со наставните програми и учебната материја што се изучува во текот на наставниот процес.
Право на учество на регионалните натпревари имаат учениците што освоиле прво, второ и трето место на општинско ниво, како и сите со 85 и повеќе бодови. Доколку во одредена општина нема ученик со најмалку 85 бодови, се пласира првопласираниот ученик, под услов да има освоено најмалку 65 проценти од вкупниот број бодови.
Општините со помалку од три училишта имаат право на директно учество со на регионален натпревар.
Регионалните натпревари ќе се реализира со физичко присуство во однапред определени центри.
Со спроведувањето на овогодишниот циклус, здружението уште еднаш ја потврди својата посветеност кон афирмација на географската наука во основното образование. Натпреварите не претставуваат само проверка на знаење, туку и поттик за развој на истражувачки дух, љубопитност и критичко размислување кај младите. Преку вакви активности се создава простор за препознавање и поддршка на учениците со изразен интерес и способности во областа на географијата, што има долгорочно значење за развојот на образованието и научната мисла во државата.
На пласираните ученици им посакуваме успех на регионалниот натпревар и достојно претставување на својата општина и училиште, а на останатите ученици им посакуваме понатамошен успех во образовниот процес, континуирана работа и нови можности за напредок и учество во идните натпреварувачки циклуси!
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

