Согласно Годишната програма за работа, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, за сите членови на здружението, организира  тридневен теренски практикум во Србија и Романија, во период од од 3.07 до 6.07.2016 година.

Географијата како комплексна научна дисциплина нуди широк спектар на можности за учење и уживање. Една од нив секако е можноста да се користи најголемата лабораторија, природата. Постојат многу причини поради кои наставникот ќе ги извади своите ученици надвор од училишните клупи. Приказната што следи секако е географска, но има историски повод.

Согласно програмата за работа и воспоствената пракса за реализирање на состаноци надвор од просториите на здружението, раководството на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 12.05.2016 година во СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, одржа состанок и оствари средба со членовите од Кумановско-кривопаланечкиот регион.

Здружение на професори по географија на Македонија
   „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
                     ПРЕТСЕДАТЕЛ
              М-р Јулијана Петровска

Почитувани колеги,

Согласно програмата за работа, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, организира работен состанок во СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

СТОЈАН АРСИЌ – НАСТАВНИК, ПИСАТЕЛ И УМЕТНИК

Колегата Стојан Арсиќ и неговите вештини за поинакво изрзување се синоним за професионални, социјални, културни и хумани вредности собрани во една личност