Почитувани колеги,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

И оваа година натпреварите ќе се реализираат за VI, VII, VIII и IX одделение согласно наставниот план и наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
• Општински натправари: 28.02.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
• Регионални натпревари: 27.03.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
• Државен натпревар: 13.05.2026 година со почеток во 10:00 часот
Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
• VI одделение: Ориентација во географскиот простор– Учебник по Историја и општество модул Географија за 6 одделение од авторите: Воислав Саракиновски,Стефан Пановски,Ванчо Ѓорѓиев,Ивица Гиевски, Коле Павлов и Пеце Трифуновски, во издаваштво на МОН
• VII одделение: Географија на Европа (Природно-географски карактеристики на Европа, Социо-географски карактеристики на Европа, Географски преглед на регионот Јужна Европа – Географија за 7 одделение за основно образование од авторот проф. д-р Благоја Марковски, издадено во 2025 година од издавачот Тримакс – Скопје.
• VIII одделение: Природно-географски на Европа, Социо-географски карактеристики на Европа и Географски преглед на Јужна Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
• IX одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Азија - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите д-р Коле Павлов проф. д-р Ѓорѓи Павловски, издадено во 2022 година од МОН.
На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта. Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение (генерација), односно најмногу 3 (три) од VI одделение, 3 (три) ученици од VII, 3 (три) ученици од VIII и 3 (три) ученици од IX одделение. Не е дозволено пријавување на натпревар на ученици во категорија која не одговара на генерацијата на ученикот. За веродостојност на податоците одговара менторот и училиштето.
Општинските натпревари ќе се организираат онлајн, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.
За успешна реализација на онлајн општински натпревари на Google meet платформата, потребно е учениците да имаат @gmail адреса. За таа цел сите пријавени на друг акаунт да го повторат пријавувањето со креирање на @gmail адреса на учениците.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението (https://www.geograf.mk/natprevar-po-geografija-za-uchenici-od-osnovni-uchilishta/prijava-za-natprevar-po-geografija-2026) најдоцна до 18.02.2026 година.
Пријавени учесници ќе бидат објавени на веб страната на здружението на 24.02.2026 година и доколку не ги пронајдете имињата на вашите ученици, Ве молиме да не контактирате.
Секоја недоследност и почитување на пропозициите ќе биде соодветно санкционирана.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид членарина од страна на учениците или менторите.
Програмата и пропозициите за натпреварите се објавени на официјалната страна на Здружението.

НАПАТСТВИЈА
ПРОПОЗИЦИИ

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје