Почитувани ученици и наставници,
Ве известуваме дека регионалните натпревари по географија за учениците од VI, VII, VIII и IX одделение од основното образование, кои беа предвидени за одржување на 21.03 и 27.03.2026 година, се одложуваат поради продолжен викенд и временско поклопување со друг ученички натпревар. Во согласност со насоките на Министерството за образование и наука, а со цел да се обезбедат еднакви услови за сите ученици за непречено учество во натпреварите, извршена е промена на терминот за нивна реализација.

Регионалните натпревари по географија ќе се одржат на 28.03.2026 година (сабота), со почеток во 14:30 часот.
Локацијата и распоредот на регионалните центри се наоѓа во табелата објавени навремено во официјално соопштение на организаторот.
Право на учество на регионалниот натпревар имаат учениците од VI, VII, VIII и IX одделение кои се пласирани од општинските натпревари, во согласност со утврдените пропозиции за начинот и критериумите за организирање и спроведување на натпреварите по географија во основното образование:
https://www.geograf.mk/images/Novosti/2026/Natprevar/propozicii_2025.-2026.pdf
Прашањата во натпреварувачките тестови се подготвуваат врз основа на наставната програма и учебниците по географија за соодветното одделение, кои претставуваат основна литература за подготовка, како и врз основа на содржините и материјалите наведени во пропозициите за натпреварите:
https://www.geograf.mk/images/Novosti/2026/Natprevar/propozicii_2025.-2026.pdf
Воедно ги информираме учениците и наставниците дека натпреварувачките тестови се подготвуваат во согласност со карактерот и целите на натпреварите по географија, кои претставуваат проверка на знаења и способности во натпреварувачки услови, а не вообичаена настава во училница. Поради тоа, прашањата во тестовите не се засноваат исклучиво на дословна репродукција на реченици од учебниците. Тестовите содржат и логички и ситуациски задачи кои бараат разбирање на географските процеси и појави, просторна ориентација, анализа на карти, табели и други наставни содржини, како и примена на стекнатите знаења при решавање конкретни географски проблеми, што претставува составен дел од натпреварувачката проверка на знаењето.
Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„Проф. Д-Р „ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје